| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ победи во Рим и порача: Ова е за Србија и за Босна!

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим откако во финалето по три сета го надигра „кралот на земјен терен“ шпанецот Рафел Надал со резултат: 4:6, 6:3, 6:3. И покрај се што се случува во Србија, Ноле успеа да се собере и да триумфира за цела Србија. По триумфот и третиот освоен трофеј во Рим, Новак на камерата напиша кому му ја посвети победата: Ова е за Србија и Босна!, напиша Ѓоковиќ, покажувајќи уште еднаш колку голем човек е. Тој ја донираше наградата од 700.000 евра за настраданите семејства од поплавите во Босна и Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top