Полска ја победи Македонија со 3-0, со мошне убедлив резултат по сетови и во поени. Разликата во класа беше видлива во Вроцлва, а домаќините лесно стасаа до вториот триумф на квалификацискиот одбојкарски турнир за пласман на СП.
Најавата за убедлив триумф стаса уште од почетокот на мечот, кога Полјаците направија голема разлика во поени и го добија стартниот сет со 25-13. Во вториот сет нашите репрезентативци освоија два поени повеќе, но 15 поени во еден сет во одбојката е премалку за посилен отпор. И во третиот сет приказната се повтори, Полјаците беа убедливи и повторно не ни дозволија да ја минеме границата од 15 поени.
Македонија пропушти златна шанса за да се приближи до пласман на СП, вчера, во дуелот со Словенија кога водевме со 2-1 во сетови, но на крајот ривалот победи со 3-2. Утре ќе го играме последниот меч на турнирот против Летонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


