| четврток, 6 декември 2018 |

Српскиот премиер Вучиќ спаси дете од водената стихија (ВИДЕО)

Српскиот премиер Александар Вучиќ го посети најпогоденото место во Србија од поплавите, Обреновац, и им помогна на припадниците на жандармеријата и на војската при евакуацијата на граѓаните, пренесе српски Телеграф.

vucic-spasava-dete-830x553

Вучиќ, веднаш по заминувањето во Обреновац, примил „рапорт“ од министерот за одбрана, Братислав Гашиќ, и градоначалникот на Белград, Синиша Мали, и веднаш седнал в чамец за спасување, упатувајќи се кон граѓаните заробени во водената стихија, што на одредени места достигнува и висина од над два метра.

– Се грижам и се плашам за илјадници животи – рече Вучиќ, откако спаси неколку граѓани, вклучувајќи и едно бебе.

Премиерот на Србија со свои раце го изнел бебето од чамецот и им го предал на припадниците на војската.

– Ситуацијата е катастрофална и ќе биде уште потешка! Очигледно дека ќе мора да се направи целосна евакуација на градот – рече Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top