Македонската одбојкарска репрезентација по сите перипетии кои ги преживеа околу учеството на квалификациите за европското првенство 2015 што се одржуваат во Вроцалав Полска, денеска во првото коло беше поразена од Словенија со 3-2 во сетови.
Словенците триумфираа со 25-18, 18-25, 19-25, 25-16, 15-8 по сетови и беа на прагот на пораз бидејќи избраниците на Жарко Ристовски водеа со 2-1 во сетови.
Нашите репрезентативци покажаа одлична игра во вториот и третиот сет и успеаа по поразот во првиот сет ментално да се вратат во натпреварот и да дојдат до пресврт. Сепак заморот ги достигна и по високиот пораз во четвртиот сет, не успеаа да се соземат во тајбрејкот и да дојдат до целосно изненадување во првото коло.
Ова е прв од двата турнира што треба да се одигаат во квалификациите. Вториот е за една недела во Словенија.
Утре нашата репрезентација игра против домаќинот во Полска, додека овој турнир го затвараме со натпревар против Летонија во недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


