Иако „вардарци“ не успеаја да го освојат домашното првенство, раководството на тимот го продолжи договорот со уште тројца играчи. Уште дванаесет месеци во Вардар ќе останат Владимир Петриќ, Добривое Марковиќ и Немања Прибак.
– Раководството на РК Вардар продолжува со задржување на ракометарите кои беа дел од составот кој минатата сезона ја освои шампионската титула во домашното првенство, а оваа го освоија трофејот во СЕХА-лигата и го постигнаа најголемиот успех во клупската историја на нашиот клуб во Лигата на шампионите, со пласманот меѓу најдобрите 8 екипи во Европа. Владимир Петриќ, Добривоје Марковиќ и Немања Прибак ја продолжија верноста кон Вардар на уште една година – се вели во соопштението објавено на официјалната веб-страница на „вардарци“.
„Црвено-црните“ веќе ги имаат договорено трансферите на Горбок и на Лацковиќ, а се очекува во најскоро време да бидат финиширани и преговорите за ангажман на Арпад Штербик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.