Македонската фудбалска репрезентација во следниот циклус квалификации за европското првенство 2016 година ќе ги носи дресовите дизајнирани од германската спортска опрема „Јако“.
ФФМ ги договирла сите детали со оваа реномирана фирма. „Јако“ ќе ја менува „Пума“ која беше заштитен знак за македонските репрезентативци повеќе од 15 години. Договорот со „Пума“ и фудбалската федерација на Македонија истекува овој месец. Со оваа опрема нашите репрезентативци ќе ги одиграат двата пријателски натпревари на крајот од месецот со Катар и Камерун, а потоа „рисовите“ ќе ги облечат дресовите на „Јако“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.