| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ со пресврт до четврт-финале

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четврт-финале на мастерс-турнирот во Рим откако со пресврт дојде до победа над Филип Колшрајбер со 2-1, по сетови 4-6, 6-2, 6-1.

Ѓоковиќ во четврт-финалето ќе игра против Давид Ферер. Тоа ќе биде нивен 17. меѓусебен дуел, а Новак 11 пати бил подобар.

Поранешниот рекет број еден, лошо го отвори мечот против германскиот тенисер кој во првиот сет ги искористи шансите и поведе со 1-0.

Српскиот тенисер се разбуди пред крајот на првиот сет, а вистинската игра ја покажа во следните два сета во кои доминираше над Колшрајбер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top