| четврток, 6 декември 2018 |

„Вевчански видувања“ вечерва пред софиската публика

Likovna_kolonija_1_4

Во просториите на културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, вечерва  ќе биде отворена ретроспективна изложба на меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“.

Ликовната колонија во Вевчани почнувајќи од 2010 година се одржува секоја година и на истата покрај ликовни уметници од Македонија, учествуваат и еминентни уметници од Бугарија, Русија, Србија, Црна Гора, Украина, Полска и Албанија.
На вечерашнава изложба пред софиската публика ќе бидат претставени дела на повеќе уметници од земјава, но и од Црна Гора, Бугарија и Русија.
Изложбата ќе ја отворат академик Глигор Чемерски, директорот на Културно-информативниот центар во Софија, Васко Шутаров и Мишо Китановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top