На планината Влашиќ од синоќа не престанува да паѓа снег, а висината на снежната покривка моментно е над 80 сантиметри, јавија босанските медиуми.
На Влашиќ од синоќа нема ниту струја, а хотелите и останатите објекти со електрична енергија се напојуваат со помош на агрегати, а сопствениците самите се снаоѓаат за чистење на приодите.
Проблем се и недоволно исчистените патишта бидејќи целата механизација е префрлена на поплавените подрачја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.