| четврток, 6 декември 2018 |

(ЕКСKЛУЗИВНО) Почнаа внатрешните судири во СДСМ

Заев во судир со Црвенковски

По неколкудневен молк, прв отворено против партиската политика проговорил градоначалникот на Струмица, велат извори од СДСМ. Зоран Заев повел внатрепартиска кампања за расчистување на актуелната позиција на партијата, која  за него била погрешна. Најреволтиран од тоа што во последен момент бил надмудрен од Стевче Јакимовски, Заев, како еден од можните наследници на Црвенковски, бил во интензивна комуникација со претставници на меѓународната заедница, а бил и на тет а тет разговор кај лидерот на партијата.

Заев, според некои негови сопартијци, oд Црвенковски барал да не купува време туку да направи  темелна промена на позициите на опозицијата и да се откаже од сите ултиматуми за учество на локалните избори. Побарал ваквиот нов став да биде соопштен јавно, и без одложување, а за возврат да бараат итна промена на законите со што во последен момент би фатиле приклучок за учество на локалните избори.

Според неговите сопартијци, Заев бил невообичаено нервозен и агресивен. Тој настапил од позиција на иднина на партијата, во која, во секој случај, ќе го наследи Црвенковски, кој, според него, заминувал во историјата, но притоа нема да дозволел и СДСМ да стане историја. Го обвинил лидерот дека не успеал со ниту еден потег да го надмудри Груевски и побарал СДСМ јавно да се откаже од сите позиции што не дали резултат за да може да се спаси барем малку од честа на партијата.

На разговорот било поставено и прашањето за улогата на странскиот фактор, при што Заев обвинил дека поради лошата политика е загубена поддршката од странците и затоа треба да се признае дека се направени грешки и да се почне со нова политика и начин на дејствување. Според сопартијците, кои биле информирани од Заев за разговорот со Црвенковски, лидерот на СДСМ го потсетил дека и Заев учествувал во операцијата за блокирање на буџетот, кој требало да го донесе актуелниот амбиент во земјата и дека и тој и другите членови на најтесното раководство на СДСМ уште минатото лето се солгасиле со сите преземени чекори.

Одговорот на Заев се однесувал на фактот што четири дена по рокот за поднесување на кандиатските листи никој не ги бара, ниту странските амбасадори, ниту Филе, ниту Американците, а освен членовите на СДСМ, и граѓаните не се потресени од политиката на СДСМ.

Ставот на Заев е дека сите се подготвени за падот на СДСМ, при што на Црвенковски му рекол дека за него е лесно откако најавил дека ќе си замине, но останува прашањето што ќе се случува со другите членови на партијата, кои сега не знаат кој правец да го фатат.

Дури, изворите во СДСМ тврдат дека Заев понудил две опции. Доколку на Црвенковски му е срам јавно да признае дека згрешил, тој да излезе во јавност со новите ставови и планови на СДСМ или, пак, Црвенковски да си даде неотповиклива оставка, по што сегашното или некое ново раководство да се повлече од сите уцени и да побара приклучок на локалните избори. Наводно, Заев на својот партиски шеф му рекол дека ако тој пропаѓа како политичар, не е фер целата пртија да ја води со себе во бездна.

Црвенковски на невообичаено тензичниот разговор со Заев, кој најчесто претходно бил внимателен, го потсетил дека тој како претседател го спасил од затвор за криминалот вреден милиони евра и дека без него како кохезивен фактор партијата ќе се подели на повеќе фракции . На тоа Заев остро одговорил дека  со политиката на исклучување на најискусите луѓе од партијата самиот Црвенковски создал повеќе струи  и дека полошто од ова дереџе до кое ја довел партијата не може да биде. Заев рекл дека тој е благодарен за помошта, но дека не може наба за на тоа постојано да трпи партиски и лични штети и дека целата партија е заложник  на политика, која тргнува од личниот интерес и фрустрации на Црвенковски и дека за сè има граница.

(продолжува)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top