
Во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ), в сабота, на 17 мај, со почеток од 20 ќе биде отворена изложбата на ликовните уметници Менсур Бојда и Владимир Симеонов.
Менсур Бојда на изложбата изложува седум слики, кои што гледајќи ги како целина, претставуваат еден циклус кој ни ги прикажува интимните размислувања на авторот кои за своја проблематика ги толкуваат доблестите и мааните на самиот човек во денешницата решавани како ликовни проблеми.
Поттикнат од наградената слика од ДЛУМ, дел од „Мозаичарите од Стоби“, Симеонов продолжува да работи на оваа серија и прави уште седум нови слики, шест со формат од 170х120 цм и една со формат од 120х100 цм, кои ги прикажува на оваа изложба. „Мозаичарите од Стоби“, „Прошетка низ Стоби“ и „Паунот од Стоби“ се трите серии, слични една на друга, кои Симеонов ги работи во последниве 4 до 5 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


