| четврток, 6 декември 2018 |

Металург и Вардар се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија

Вечните ривали Металург и Вардар се избегнаа меѓу себе во полуфиналето од Купот на Македонија, на денешното извлекување на двојките за завршниот турнир од ова натпреварување, што следниот викенд ќе се одржи во Охрид.

Металург во полуфиналето за противник ќе го има ланскиот ривал од финалето, Зомимак Струмица, додека „вардарци“ важат за апсолутни фаворити против составот на Тинекс пролет. Полуфиналните средби ќе се играат в сабота во 15 часот и во 17.45 часот, а финалето е на програмата в недела во 17.45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top