| четврток, 6 декември 2018 |

Како Обама го спаси еврото: Меркел викала низ солзи: „Не сакам да извршам самоубиство!“

На изненадување на сите присутни, германската канцеларка Ангела меркел, позната по својата воздржаност и смиреност, се расплакала извикувајќи : Не е фер! Нема да извршам самоубивство!“

Со овие нејзини зборови заврши состанокот на европските челници во кан во септември 2011 година, пишува Петер Спигел во „Фејненшл тајмс“, кој во серија натписи за најдраматичните моменти за спасување на еврозоната со наслов „Како Обама ја спаси Европа“, ја опишува клучната ноќ која, како што се наведува, ќе ги обележи идните години на Европската унија и ќе ја одреди иднината на еврозоната.

Седејќи во салата за конференции во медитеранскиот и монденски Кан, шефицата на Германија, Ангела Меркел, земјата која е економски столб и финансиски мотор на Унијата, францускиот претседател Никола Саркози и американскиот колега Барак обама за спикале в ќош и ја довеле до солзи. Но, како што пишува „Шпигел“, Меркел жестоко возвратила, наведувајќи дека таа не во состојба да се согласи со со планот на овие двајца за спас на еврозоната, а за тоа може да ги обвинат потезите на сопствените влади пред 60 години.

А планот кој Саркози и Обама го предложија се темели на создавање на „ѕид од пари“, т.н. голема базука-фонд кој би гарантирал дека Грција, која во тој момент беше пред целосен крах, нема да пропадне и да повлече со себе други критични земји од еврозоната. По големите судири околу кредитирањето на Грција сите мислеа дека преговорите и договорите одат во добра насока. Но уште поголем шок следуваше  со доцнењето на состанокот кој заврши со солзите на меркел. како прво, местото на чело на масата на кое дотогаш седеше Саркози како домаќин на самитот, го презеде Обама.

Америка дотогаш беше позната по политиката на немешање во евроспките работи. Американскиот интерес беше само еден: да се спаси еврозоната за Европа да не западне во депресија која потоа би се одразила и преку Атлантикот.

-Беше чудно да се види Обама на чело на масата. Тоа беше и сигнал дека Европа не е способна за тоа. Тоа беше знак на слабост, изјави подоцна член на германската делегација.Планот беше да се искористи ECB како столб на стабилност, институција која има надлежност и овластување да печати пари. Германија, пак, долго се противела на идејата средишната банка да финансира влади. Но, Париз и вашингтон се сложиле дека како залог би можеле да се искористат Посебните права на извлекување, ММФ-валута. Неа уште ја нарекуваат „хартиено злато“, а моментално вреди исто колку и британската фунта.

zx450y250_1202945

Но, иако Меркел била скона кон идејата, германската Бундесбанка, односно нејзиниот шеф Јенс Веидман, бил против.

-Закопајте го тој предлог, била неговата реакција која на Меркел и ја соопштил преку телефон.

Обама и Саркози не се предавале, а потоа следувал сломот на Меркел.

-Тоа не е фер Не можам да донесам одлука спротивна на Бундесбанката, одговорила на нивниот притисок.

Солзите ја запреле спротивната страна.

-Меркел изјавила дека би можела да излезе со предлог пред Бундестагот за зголемување на фондот за спас на еврозоната доколку Италија се согласи со програмата на ММГ за спас, но околу Посебните права за влечење, одговорот бил: „не“.

-Нема да прифатам толку голем ризик без добивање на гаранции од Италија. Нема да извршам самоубиство, изјавила Меркел и со тоа завршила.

Кога се дознало за резултатите од состанокот, берзите експлодитаа. Италијанските кредитни стапки скокнаа. Тоа беше најдраматичниот ден на еврозоната. по состанокот е снимена и познатата фотографија на која Обама ја теши Меркел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top