| четврток, 6 декември 2018 |

Гест за почит – Самарас и Ленон му го исполнија сонот на едно момче (видео)

Фудбалерите на Селтик ја освоија шампионска титула во Шкотска, а во текот на доделувањето на медалите и на пехарот се случи еден интересен момент кој заслужува респект.

Прво менаџерот на тимот Нил Ленон својот шампионски медал го подари на едно дете кое боледува од Даунов синдром, а потоа Георгис Самарас го зема детето и со него отиде да ја прослави титулата на својот тим.

Вакви моменти ретко се гледаат, но тоа е она што го прави фудбалот повеќе од игра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top