| четврток, 6 декември 2018 |

Инвазија на цртежи од Чешка на „Мал битолски Монмартр“

mal-bitolski-monmartr

Меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ и годинава традиционално ќе се одржи на 24 март во Битола и на истата покрај учесници од Русија, Белорусија, Кина, Индонезија, Србија, Индина, Бугарија и од други држави, за првпат првпат ќе учествуваат деца од  Египет.

– Интересно, но вистинска инвазија на детски цртежи годинава регистрираме од Чешка. Тоа е резултат на моето неодамнешно лобирање  во Хонг Конг каде се запознав со еден колега од Чешка со кого вршевме жирирање на 11.000 детски ликовни творби за тамошната манифестација која ќе биде идентична со нашата во Битола – рекол Хаџиантоновски за МИА.

Прифаќањето на творбите за годинашното 32-издание на „Мал битолски Монмартр“ ќе трае до 7 март, до кога се очекуваат околу 20.000 детски цртежи од целиот свет.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top