| четврток, 6 декември 2018 |

На вечерашната „Бела ноќ“ бројни изложби, перформанси, инсталации, концерти…

По повод 25 години од независноста на нашата држава и Градот Скопје ќе учествува во одбележувањето на 8 Септември, еден од најзначајните датуми од историјата на Република Македонија, преку вклучуваање на своите културни институции. Манифестацијата Бела ноќ, која ќе се одржи денеска 7 септември, ќе изобилува со изложби, перформанси, инсталации, концерти…

ЈУ МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР, во рамките на БЕЛА НОЌ ќе се одржи Промоција на новиот мурал на фасадата на МКЦ на ликовната група ЗЕРО со музички настап на „The Membranes“ од Англија, пред платото пред МКЦ во 21 часот.

ЈУ КУЛТУРНО ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ќе постави ликовната изложба UNIVERSE AS INTEGRITY ALLUSION од ликовнте уметници ШКИПЕ МЕХМЕТИ, ДИТА СТАРОВА КЕРИМИ И ЗАРИЈЕ АМДИУ од 10 до 22 часот во Изложбен салон- Империјал 1, како и ликовни дела од Колекцијата на ЈУ Културно информативен центар од 10 до 22 часот во Изложбен салон-Империјал 2.

Во ЈУ ДОМ НА КУЛТУРАТА „КОЧО-РАЦИН“ ќе има изложба од колекцијата на ЈУ Дом на културата „Кочо-Рацин“ во 20 часот во Големиот салон, како и настап на вокално-инструменталниот ансамбл „Мелизма“ во 20.30 часот во Големиот салон.

Во ЈУ ДЕТСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР „КАРПОШ“ ќе се одржи изложба по повод празникот 8 Септември во 17.30 часот и настап на балетската секција при центарот во 18 часот на платото кај споменикот на Гоце Делчев во Градски парк.

Во ЈУ МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ ќе се одржат три изложби, односно изложба по повод 106 години од раѓањето на мајка Тереза и нејзиното прогласување за светица, изложба на слики на авторката Викторија Поповска, како и постојани музејски поставки:Постојана археолошка изложбена поставки во Археолошката сала и изложбата посветена на Скопскиот земјотрес. Музејот на град Скопје ќе биде отворен на 7-ми септември во текот на цела вечер и влезот за сите посетители е слободен.

ЈУ КОНГРЕСЕН ЦЕНТАР „АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“ ќе организира настапи на музичари, групи и уметници на пет плоштади во центарот на Скопје почнувајќи од 19 часот, односно на: плоштад Филип Втори, Плоштад Македонија, плоштад ВМРО, плоштад Мајка Тереза и плоштад Богородица.

ЈУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ по повод Денот на независноста во своите библиотеки и клонови ќе им овозможи бесплатни зачленувања на сите првачиња на територијата на Скопје.

Во МНТ ќе бидат изведени две претстави „Парите се отепувачка“ со почеток во 18 часот и „Свадбата на Фигаро“ во 23 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top