| четврток, 6 декември 2018 |

Дело на уметникот Сашо Блажески ќе биде изложено во Њујорк

Јапонската Асоцијација за Современа Уметност од Токио, денеска, 14 април, на ARTEXPO во Њујорк, ќе го изложи делото на уметникот Сашо Блажески, „Студија на човек”..

Изложувањето на ова дело е резултат на неодамнешната покана од Јапонската Асоцијација за Современа Уметност од Токио до Блажески.

Сашо Блажески магистрирал на Факултетот за Ликовна уметност во Букурешт, а во моментов работи како Кустос за современа уметност во Завод и музеј- Охрид.

Има одржано неколку самостојни изложби во Сараево, Романија и Охрид, а негови дела биле дел и од бројни групни изложби во земјава и странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top