Премиерата на претставата „Слугинки“ во режија на Теа Беговска вечерва во 19.30 часот ќе се одигра на сцената на Штипскиот театар. Претставата работена по текстот на Жан Жене е прв професионален проект на режисерката и нејзина дипломска работа, а го избрала Жене поради безвременоста на текстот.
– Жан-Жане има напишано текст според вистинска приказна за две сестри кои што ја убиле својата господарка.Тоа било настан кој буквално предизвикал шок во Париз. Жан Жане го зел тој настан од весниците и го напишал овој генијален, безвремен текст за тема која што е вечна. Вечна е таа борба на спротивностите, на господари и слуги – вели Беговска.
Специфично за оваа режија е што еден од трите ликови на жени кои играат во драмата, му е доделен на актер што дава ново видување на драмскиот текст. Во претставата играат Кристина Атанасова, Ненад Митевски и Руиш Беговска која е и воедно мајка на режисерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меѓународен научен собир „Културата на распродажба: Консумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти“
-
Македонија на театарскиот фестивал „Долгопрудненска есен 2019“, Русија
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Гостивар ќе добие театар: Владата донесе одлука за основање НУ „Гостиварски театар“