| четврток, 6 декември 2018 |

Иван Шопов вечерва во МКЦ го промовира „Меше на годината“

mese

Вечерва во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе биде промовирана книгата „Меше на годината“ на Иван Шопов. Ова е втора книга на Шопов која е составена од триесетина песни во проза и повеќе куси прозни  парчиња што само условно може да се наречат гатанки.

Иван Шопов е роден 1987 година во Скопје. Објавувал раскази и песни во списанија на македонски, српски, словенечки и германски јазик. Во 2010 година за книгата раскази „ Азбука и залутани записи “ издавачката куќа „Темплум“ му ја доделува наградата „Новите! “ за најдобра дебитантска прозна книга. Наградата се состоеше од печатење на неговиот ракопис „Азбука и залутани записи“. Првиот циклус раскази е изграден околу буквите од македонската азбука, чиј раскажувачки ефект критиката го поврза со бизарноста на култниот руски авангардист Данил Хармс, но и со манирот на Тарантино и Родригез. Вториот дел од книгата, се “залутаните” записи каде фантастиката и надреализмот се зачинети со иронија и црн хумор.

Промотор на „Меше на годината“ ќе биде Владимир Мартиновски, професор по книжевност на скопскиот филолошки факултет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top