Културната вредност во интерес на одржливото територијално управување и маркетинг – „КУЛТЕМА“ е проект од меѓународен карактер во кој Министерството за култура на Република Македонија активно учествува заедно со уште девет земји од Југоисточна Европа. Проектот има вкупно седумнаесет проектни партнери, а водечки партнер е регионот Венето од Италија. Во Република Македонија овој проект се спроведува на територијата на регионот Дебар-Река.
Во согласност со активностите на проектот, на 22 и 23 февруари 2013 година во Белград, Република Србија, ќе се одржи состанок на Работната група за одржливост и транснационални договори на проектот, како и претставување на проектот „КУЛТЕМА” на Интернационалниот саем за туризам. Заедничкото претставување на партнерите на проектот ќе биде на штандот на Министерството за култура и информации на Република Србија кое, како ИПА-партнер, ги покани сите проектни партнери да го претстават својот регион кој е предмет на интерес.
На Интернационалниот саем за туризам во Белград Министерството за култура на Република Македонија ќе ги претстави културно-историското богатство и туристичките потенцијали на регионот Дебар–Река и ќе ги објасни улогата и активностите на Министерството за култура на Република Македонија како партнер во проектот „КУЛТЕМА”. На саемот ќе биде презентирана и брошурата за проектот „КУЛТЕМА” и регионот Дебар–Река со културно-историските споменици.
„КУЛТЕМА” успешно се имплементира во Република Македонија од октомври 2011 година, а ќе трае до октомври оваа година. Проектот е поддржан од Советот на Европа, а е финансиран преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) од страна на Европската Унија. Стратегијата на проектот „КУЛТЕМА“ е согледување и промовирање на културното наследство како фактор за економски развој, а главната цел е да се зголеми вниманието за атрактивноста и економскиот потенцијал за инвестирање во културното наследство. Идејата е тоа да се постигне преку зајакнување на институционалните капацитети во областа на културното наследство и да се спроведат иновативни модели на управување, соодветни за намалување на административните, општествените и економските бариери меѓу културното наследство и потенцијалните инвеститори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меѓународен научен собир „Културата на распродажба: Консумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти“
-
Негрижата на СДСМ за вистинското културно наследство дојде на виделина, се распаѓа куќата на Стале Попов
-
Валоризација на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново како културно наследство од посебно значење
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?