| четврток, 6 декември 2018 |

Од инает ослабела 60 килограми

Кира Свитман од американската сојузна држава Флорида од инает ослабе 60 килограми и ја оствари нејзината необична желба, да се вработи во ресторан на „Хутерс“.

Имено, оваа невообичаена приказа за слабеењето почнала кога Кира била изложена на навреди од страна на еден пијан маж, кој ѝ рекол дека со такво тело не би смеела да носи маица на Хутерс, ресторани познат по убавите келнерки.

Тоа ја поттикнало Кира од корен да го промени нејзиниот живот.

– Најважно е да се има правилен став и јасни цели. Мојата цел беше да имам тело како келнерка од „Хутерс“ – вели Кира, која не му е лута на мажот кој ја навредил, сметајќи дека тој само бил „искрен“.

– Бев млада жена, а не изгледав така. Не се чуствував привлечно, ниту добро поради мојот изглед – изјави Кира, која моментно работи во еден од рестораните на синџирот „Хутерс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top