| четврток, 6 декември 2018 |

Аврамопулос и Бан Ки Мун во Њујорк ќе разговараат за спорот за името

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос денеска ќе се сретнат во Њујорк. Според грчките медиуми, во фокусот на средбата ќе биде спорот за името.

Средбата на Аврамопулос и Бан Ки Мун се случува три недели по последната рунда разговори на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите Јолевски и Василакис. По таа средба, Нимиц најави дека повторно ќе се сретнат во март. Ова е втора средба на Аврамопулос со Бан Ки Мун по стапувањето на функцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top