Славниот рокер Боб Дилан отвори изложба на своите сликарски дела во њујоршката галерија „Роз арт груп“ на која има вкупно 40 цртежи и слики.
Тој имаше изложба во 2007 година во Германија, а ова е негово прво излагање во САД.
Збирката графики, акварели и акрил на платно предизвика големо интересирање меѓу обожавателите на легендарниот музичар кој ќе полни 73 години.
Изложбата има хуманитарен карактер и приходот од продадените слики ќе оди за истражување и лечење на болни од СИДА, рак и леукемија.
Цената на неговите дела се движи од 2.50 0 до неверојатни 400 илјади долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.