Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавни повици за инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства и за помош за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност.
Како што соопштуваат од Агенцијата, објавените повици се однесуваат за подигнати нови лозови и овошни насади и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини во период од 1 јануари 2014 година до 1 април 2014 година, за подигнати нови лозови и овошни насади и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини во период од 1 септември до 31 декември 2014 година, за набавен приплоден добиток од признати организации на одгледувачи на добиток од Република Македонија и од увоз, за набавка на пчелни матици од регистрирано одгледувалиште и за набавување опрема за систем капка по капка за пченка и фуражни култури и бунари за наводнување
Обрасците „Упатство за корисници” и „Барање за исплата” со листата на потребни документи заинтерсираните можат да ги подигнат во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk
Пополнетите барања треба да ги достават по пошта или лично во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Крајниот рок за доставување на барањата за финансиска поддршка за набавка на приплоден добиток, пчелни матици, опрема за систем капка по капка за пченка и фуражни култури и бунари за наводнување и помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност е 30 јуни 2014 година.
Крајниот рок за доставување барања за исплата за подигнати нови лозови и овошни насади и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини во период од 1 јануари 2014 година до 1 април 2014 година е 30 јуни 2014 година.
Крајниот рок за доставување на барањата за финансиска поддршка за подигнати нови лозови и овошни насади и медоносна флора на нови површини за период од 1 септември до 31 декември 2014 година е 1 јули 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Праските скапуваат, министерот се весели: Николовски глув за проблемите на земјоделците, прв за виолина на уво (ФОТО)
-
Министерство за земјоделство: Субвенциите се исплаќаат редовно и целосно
-
УХМР: Временските услови погодни за земјоделски активности