Во неделата вечер во Хрватска, која е зафатена од студен бран, на повисоките места паднал снег, кој е невообичаен за овој период од годината.
Доцна синоќа температурата на Горски Котар паднала на нула степени на 1000 метри надморска височина, па врнежите се претвориле во снег. Снежната граница на некои места се спуштила на 700 метри надморска височина, што, како што велат метеоролозите, е прилично ниска за овој период од годината.
Невреме имало и во други делови од земјата, пренесуваат хрватските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.