Чудата во шпанското фудбалско првенство продолжуваат, а главните фаворити за титулата играат слабо кога е најважно. Повторно, како и во претходното коло, трилингот кандидати за трофеј, Атлетико, Барселона и Реал, не победи, па јасно е дека во последното коло ќе одлучува еден меч.
Дербито во Каталонија меѓу Барселона, која има 86 бода, и Атлетико со 89 поени ќе го даде новиот шпански првак. Барса мора да победи и само во таа варијанта ќе ја прослави 23. титула, а на Атлетико му е доволен и бод.
По вчерашниот пораз од Селта, Реал Мадрид нема шанса за нова круна во Примера. Атлетико загуби најмногу со ремито 1-1 против Малага бидејќи со победа веќе ќе беше шампион. И Барса не славеше откако одигра реми 0-0 со Елче, но го има адутот в раце. Тие ќе играат пред своја публика на 17 мај во решавачкиот меч против Атлетико.
Резултати од 37. коло: Атлетико – Малага 1-1, Барселона – Елче 0-0, Селта – Реал 2-0, Бетис – Валјадолид 4-3, Еспањол – Осасуна 1-1, Хетафе – Севилја 1-0, Гранада – Алмерија 0-2, Атлетик – Реал Сосиедад 1-1, Леванте – Валенсија 2-0, Вилјареал – Рајо Валјекано 4-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето