Американксиот рапер Крис Браун денеска во Лос Анџелес е осуден на една година затвор, бидејќи ја прекршил условната казна досудена за нападот врз поранешната девојка, музичката ѕвезда Ријана во 2009 година.
Браун, кој веќе насобра осум месеци затвор од разни причини, ќе мора да отслужи уште четири во затворот на округот Лос Анџелес каде што се наоѓа од половината на март откако е без одобрение го напуштил центарот за одвикнување од зависности во Малибу.
Покрај тоа, условната казна му е продолжена до јануари 2015 година.
Крис Браун, 24-годишниот музичар, е под судски надзор од вечерта на доделување на награди Греми во февруари 2009 година кога ја удри својата девојка Риана. Тогаш беше осуден на 180 денови општествено полезна работа и пет години условна казна. Потоа го мина курсот за рехабилитација за лица склони на „домашно насилство”. Во петокот судијата во Лос Анџелес му нареди илјада часови дополнителна општествено полезна работа.
Браун кривично е гонет и поради насилство, за што му се закануваат уште шест месеци казна и илјада долари глоба. Обвинет е дека заедно со телохранителот нападнал обожавател на 27-ми октомври во елитен хотел во главниот град на САД. Новото сослушување е одредено за 25-ти јуни во Вашингтон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


