| четврток, 6 декември 2018 |

Самсоненко на „тапет“ кај ЕХФ

Европската ракометна федерација покрена постапка протов Сергеј Самсоненко, које претседател на РК Вардар и негов финансиер.

Одлуката на ЕХФ доаѓа по изјавите на рускиот бизнисмен по реванш мечот со Фленсбург, кога Вардар на несреќен начин не успеа да се пласира на фајналфор турнирот во Келн.

„За време на прес-конференцијата која се одржа во Скопје на 26.април 2014, Самсоненко под знак прашање ја постави независноста и непристрасноста на ЕХФ судиите. По испитувањето на комплетниот случај и комплетната документација испратени од предлагачот на постапката, претседателот на Судот на ЕХФ го прифати барањето за покренување постапка согласно правните регулативи на ЕХФ“, пишува во образложението на официјалната страница на ЕХФ.

Самсоненко остро ги нападна судиите и ЕХФ, дека го оштетиле Вардар, а потоа сето тоа беше поткрепено и со видео доказ. Останува да се види дали постапката против претседателот на „црвено-црните“ ќе предизвика и дополнителни мерки од ЕХФ. Вардар веројатно ќе очекува вајлд-карта од оваа институција за да игра во квалификациите за Лигата на шампионите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top