Сè почнува од малото парче торта на Нова Година. Со два вида сирење. Едното е маскарпоне. Сиренцето потоа се трккала по удолнината на селф-масакрот наречен – „се чувствувам беспомошно“ или „ми треба заштита“… Тркалајќи се надолу, парчето на себе ги лепи милионите гладни клетки заведени од повикот на лажната љубов.
Од друга страна, за да биде успешно, слабеењето треба да претставува задоволство. Ако не уживате во своето тело, диетата ќе нема ефект. Отпуштете ја својата тежина во огледалото на свеста. Поверувајте си. Дури откако ќе спласне грижата на совеста, гладувањето може да влезе низ големата врата на празнувањето на животот. Слабеењето не смее да биде мачилиште туку враќање на природното. Со помош на малку кеш.
Што симболизира тежината?
Вишокот килограми ја претставуваат смртта. Преку салото, смртта го добива својот живот. Оживува!
Проблемот има психолошка причина за која речиси воопшто не се зборува. Непријатно е. Физичкиот изглед е само последица на тоа како се чувствувате однатре.
Се сеќавате на детските глисти? Паразитите во човечкото тело се невидливи за компјутерската томографија, а не па за самиот човек. Изразот „се гризе себеси“, или „жив се изеде“, значи токму тоа: јадејќи се себеси, човекот го храни притаениот паразит во себе.
Дебелината исто така може да се смета за проблем од еколошка природа. Вашето тело го узурпира просторот на соседот. Милиметар по милиметар.
Да не правиме муабет за тоа дека „соседот, тоа сум јас“. Загубен во преводот, и тој пропаѓа во големата уста на цревната флора. Трансперсоналната психологија може вода да му носи на декалогот. Грижата на совеста во пакет со вината се првата вакцина со која се пелцува секое новороденче во јудео-христијанско милје.
Дебелиот ум создава сало во четвртата димензија. Во третата нема место.
Потоа снаодливите менаџери за секое килце вишок измислуваат разни реклами за да го замолчат грдиот шепот на компулзивната потсвест: дебелите поубаво воделе љубов. На дебелите во зима не им треба кебе. Тие се покриваат со своите маснотии. Кога Филозофот рекол „сè свое со себе си носам“, ни на крај памет не му било дека некој може до толку да претера со носењето.
Дебелиот има некаква скришна мака. И не сака да се ослободи од неа. Таа го јаде однатре, а тој ја храни однадвор. Затоа дебелиот не сака да се погледне во огледало. Ако ја види маката, може да му се слоши.
Или, како што вели Оскар Вајлд: многу нешта би отфрлиле само кога не би се плашеле дека некој друг ќе ни ги земе.
Дебела политика: Smart food – храна, прана или манна?
Првиот дебел политичар што ми паѓа на памет е Ариел Шарон, нека му е лесна земјата. Еве што вели искрениот Ариел: “I love food, i love all of it, and in fact I love food.” И како на ваков човек да не му пратиш барем едно смајли на оној свет? ::)))
И народот со најчудна кујна на светот. Без квасец. Ако за нас „неизбраните“ фотосинтезата е доволно силен изговор за да не видиме дека храната буквално паѓа од небото, тие љубоморно ја чуваат тајната на својот ген и нивната секојдневна храна – манната. Оди ти па сега рзбери ги еврејските адети.
Блиску до нив се нивните полубраќа шеици што лежат на нафта. За нивното мени се грижат харемски танчерки со малку исполнето меше. Колку да се прикријат коските.
Меркелка. Костумите само што не испукале на рабовите. Елегатнтно пополнета фигура што зрачи со ладен спокој и пресметана емпатија со остатокот од светот што излегува на море а не знае да се грижи за своите острови.
Митот за дебелиот и задоволен Германец кој секогаш се чувствува над другите – човек кој прави најубави автомобили на светот, додуша ако ги изземеме Јапонците. Најефикасни фабрики, најдобра филозофија. Како резултат на својот ненадминлив прогрес, тој спокојно ќе ти го заврти грбот и ќе ти прдне во фаца. Последица на колбасите, пивото и прекумерната интелигенција, читај ароганција.
Сте виделе ли дебел Јапонски политичар? Тешко, кога оваа кујна има специјалитети од типот на отровната риба „фугу“, леплив ориз од кој може да се задушите, или вотката одлежана на отровните змии хабу. Хабусаке. Коска во грлото? Кхкхкх…. обичен тренинг за вежбање на воздржаноста.
Обама, се разбира води потекло од неухранетата Африка. Респект за Масаите. Колевката на канибализмот. Каква трпеза!
И многу слично, но сепак различно, нивните хинду браќа на исток – Махатма, човекот од коски и кожа, но и голема душа. За инает на англиската кралица, Ганди ја прогласи праната за своја единствена храна. И го откри клучот на совршеното здравје. Па како да не убиеш таков човек? И да не се замезиш со него?
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.