| четврток, 6 декември 2018 |

Со водени топови против уринирање на јавни места (видео)

Уринирање на јавни места е голем проблем во Индија поради што група анонимни активисти одлучиле да ги растеруваат мажите кои тоалетот го замениле со улицата.

Групата патролира по улици на Мумбај и со цистерна ги прска со вода сите кои уринираат врз дрва и ѕидови.

– Напаѓаме кога најмалку очекувате. Ќе престанеме ако вие престанете, порачуваат од групата.

Вршењето нужда на јавни места во Индија е забрането со закон. И покрај тоа, голем број граѓани не ја почитуваат забраната.

Неодамна и Уницеф покрена кампања во која ги повикува Индијците да ги променат своите хигиенски навики и да користат тоалет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top