По убедливата победа во вториот меч со резултат 30-21, Металург стана новиот ракометен шампион на Македонија.
Иако сите очекуваа неизвесен меч и тесен резултат, Металург многу лесно го победи денеска катастрофалниот Вардар и ја врати титулата во Автокоманда.
„Металурзите“ во текот на целиот меч беа подобар противник од Вардар, го имаa водството од самиот почеток и истото постепено го зголемуваа се до крајот на мечот.
Оваа победа значи и освојување на титулата, но и директно учество во Лигата на шампионите, додека „вардарци“ ќе мора да играат квалификации за следната сезона да бидат дел од елитното европско натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


