| четврток, 6 декември 2018 |

(ВИДЕО) Мелани Тарчуловска: Тато врати се веднаш!

Втор­ник, 19 фе­вру­а­ри. Во Скоп­је е дожд­ли­во. Се упа­тив­ме на ро­ден­ден кај осум­го­диш­на­та Ме­ла­ни Тар­чу­лов­ска, ќер­ка­та на ма­ке­дон­ски­от бранител Јо­хан Тар­чу­лов­ски.

Со­ња нѐ по­ка­ни пр­во на ма­ла­та до­маш­на за­ба­ва, за по­тоа за­ед­но да се упа­ти­ме во ло­ка­лот ка­де што ма­леч­ка­та Ме­ла­ни ќе ги че­ка дру­гар­чи­ња­та. Вра­та­та од нив­ни­от дом во скоп­ска­та на­сел­ба Кисела Вода ни ја отво­ри сла­ве­нич­ка­та. Нас­ме­а­на и воз­бу­де­на нѐ по­ка­ни да вле­зе­ме.

Вна­тре беа ба­ба и де­до, ро­ди­те­ли­те на Со­ња, без кои, ка­ко што ве­ли таа, те­шко ќе се снај­де­ше са­ма со две де­ца. Вто­ро­то де­те на Со­ња и на Јо­хан, Мла­ден, не ја кри­е­ше дет­ска­та љу­бо­пит­ност. Ка­ко да са­ка­ше да ни по­ка­же сѐ што знае и умее. Ме­чу­ва­ње, во­зе­ње авто­мо­бил­чи­ња, игра­ње со мач­ки­те… тоа е нај­до­бра­та игра на тем­пе­ра­мент­ни­от Мла­ден.

Ни­ту на­ши­от фо­то­граф не одо­леа на за­бав­на­та дет­ска игра, по­ра­ди што одр­жа еден ме­чу­вач­ки нат­пре­вар со Мла­ден. Ме­ла­ни се под­го­тву­ва­ше за за­ба­ва­та. Ова е неј­зи­ни­от ден, ко­га си­те сла­ват за неа. Се­мејс­тво­то на Со­ња е пре­среќ­но. Очекуваат  е ова да биде пос­ле­ден ро­ден­ден што ма­леч­ка­та Ме­ла­ни ќе го прос­ла­ви без та­то.

Тој бе­ше од­не­сен во Хаг по са­мо не­што по­ве­ќе од еден ме­сец од ра­ѓа­ње­то на Ме­ла­ни. Се очекува да се врати вед­наш по неј­зи­ни­от ро­ден­ден. Се­га ко­га та­то ќе си дој­де сѐ ќе би­де по­и­на­ку…

Дој­де вре­ме за ро­ден­ден­ска­та тор­та. Ан­гел­че­то на ро­ден­ден­ска­та тор­та е ту­ка да ја ис­пол­ни жел­ба­та на Ме­ла­ни. Со за­тво­ре­ни очи и нас­ме­вка на ли­це­то ја за­мис­ли жел­ба­та.

– Не­ма да ви ја ка­жам жел­ба­та. Жел­би­те не се ка­жу­ва­ат за да се ос­тва­рат – ни ре­че Ме­ла­ни ко­га ги отво­ри си­ни­те очи­ња.

От­ту­ка за­ми­нав­ме на ро­ден­ден­ска­та за­ба­ва, ка­де што Ме­ла­ни ја че­каа си­те дру­гар­чи­ња. Си­те при­стиг­ну­ваа со иста жел­ба – та­то Јо­хан да се вра­ти до­ма. Во друш­тво со дру­гар­ки­те таа бе­ше рас­по­ло­же­на да про­го­во­ри за сво­и­те жел­би.

– Са­кам да за­вр­шам фа­кул­тет. Са­кам да би­дам до­ктор­ка. Са­кам да сум среќ­на и нас­ме­а­на. А, нај­среќ­на ќе би­дам ко­га та­то ќе се вра­ти. Са­кам да се вра­ти вед­наш. Са­кам се­га да е ту­ка – ни ре­че Ме­ла­ни.

Со­ња  со рас­тре­пе­рен глас ја пра­ша:

– Са­каш се­га да оди­ме и да си го зе­ме­ме?

Ме­ла­ни од­го­во­ри:

– Са­кам. И не­ма да се вра­ти­ме без не­го.

Што ќе на­пра­ви пр­во ма­леч­ка­та Ме­ла­ни ко­га та­то ќе се вра­ти до­ма?

– Пр­во ќе го од­не­сам во Аме­ри­ка. Са­кам да ше­та­ме низ све­тот. По­тоа ќе оди­ме во Па­риз. Ќе оди­ме и во „Диз­ни­ленд“ – ни ре­че сла­тка­та Ме­ла­ни.

Повеќе од дружењето со Младен и Мелани Тарчуловски, како и интервјуто со Соња Тарлуловска, по повод позитивниот одговор на Германските судски власти на барањето на одбраната на Јохан Тарчуловски за негово предвремено ослободување ќе биде објавено во неделникот на Република кој ќе биде во продажба од петок, 22 февруари.

Текст: Билјана Зафирова
Фото и видео: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top