Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска утринава дојдоа во Основниот суд Скопје 1 да дадат исказ пред судија на претходна постапка по што треба да се одлучи дали ќе добијат мерка притвор, како што бара Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Тарчуловски и Пешевска се дел од групата од шестмина пратеници, осомничени за кривичното дело за „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ во врска со организираниот напад во Собранието на 27 април.
На 1 декември, Собранието со мнозинство гласови „за“ го прифати барањето за одобрување притвор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски (66 гласа „за“), Крсто Мукоски (67), Љубен Арнаудов (66), Сашо Василевски (67), Жаклина Пешевска (66) и на пратеникот од Социјалистичката партија Љупчо Димовски (67) на денешната седница. Барањето беше поднесено од надлежниот орган – Основен суд Скопје 1, Одделение за организиран криминал и корупција.
Командантите на УЧК Ахмети и Џафери гласаа Жаклина Пешевска да биде прогласена за терорист
Пратеничката Пешевска дојде пред судот со семејството, а таму се неколкумина други опозициски пратеници, како Зоран Илиоски и Крсто Јовановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тарчуловски: Пусти желби, како може Заев да амнестира кога нели судството е независно?
-
Јохан Тарчуловски со програма за младите, семејствата и пензионерите
-
Јохан Тарчуловски: Да ги прескокнеме сите политички бариери, судбината на државата се решава на овие избори
-
Јохан Тарчуловски го посети Домот за пензионери во Припор (видео)