Во денешниот дуел на Македонија и Италија во рамките на квалификациите за СП во Канада 2015 година, женската фудбалска репрезентација доживеа нов катастрофален пораз со 11-0 од апсирантите за првото место во нашата група.
Ова беше шести пораз од исто толку натпревари за избраничките на Добре Димовски. Заедно со овој натпревар нашите репрезентативки имаат гол-разлика од минус 45 гола, односно постигнати два, а примени дури 47.
До крајот на квалификацискиот циклус остануваат уште четири натпревари за Македонија.
Од групата директно учество на СП обезбедува првопласираната селекција, додека втората ќе игра бараж-средби.
Во борба за првото место се Шпанија и Италија, кои имаат одиграно по седум средби. Шпанија има 19 бода три повеќе од Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



