| четврток, 6 декември 2018 |

Проруските активисти во Донецк не го послушаа Путин – референдумот нема да се одложи

Проруските активисти во источна Украина денеска објавија дека нема да го одложат референдум за независност кој е закажан за в недела.

republika doneck

Советот на самопрогласената „Донецка Народна Република“ денеска донесе одлука да не се одложува референдумот за независност на регионот, наспроти повикот на рускиот претседател Владимир Путин.

– Референдумот ќе се одржи на 11 мај – изјави еден од членовите на Советот, Мирослав Руденко.

Путин по вчерашниот состанок со претседателот на ОБСЕ, Дидие Буркхалтер, ги повика проруските активисти да го одложат референдумот.

Во меѓувреме, премиерот на Украина, Арсениј Јацењук, во обраќање до украинскиот народ вети пренесување на овластувањето на општинските совети околу прогласувањето на рускиот и други јазици за официјални на својата територија.

Како што јави ИТАР-ТАСС, во обраќањето Јацењук наведе дека ќе предложи ваква измена да биде внесена во Уставот, чии реформи претстојат. Украинскиот јазик, сепак, ќе го задржи статусот како единствен државен јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top