Во печат е втор тираж од книгата „Стапки во пустина“, најновата книга на Александра Велинова, во издание на „Дијалог‘‘, рецезент е проф.д-р Веле Смилевски, а беше промовира на Саем на книгата пре еден месец. Насловот е инспириран од песната Живот – Оаза, која е дел од оваа стихозбирка во која љубителите на поезијата ќе прочитаат социјална, психолошка и, пред сè, лирска поезија. Инспирацијата за книгата е од секојдневни општествени случувања, народни поговорки, а една од поентите е како да се ставиме над сите проблеми со кои се соочуваме. Ова е трета книга на Велинова, по„ Најубавите години ‘‘објавена на 13-годишна возраст и „Од дното на душата‘‘ во 2002 година, која беше испечатена во два тиража со оглед интересот што го предизвика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Поезија од Јовица Тасевски Етернијан објавена на српски јазик
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски
-
Промоција на книгата „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку во Паркот на книгите


