Секретарот на украинскиот Совет за безбедност и одбрана, Андриј Парубиј, денеска соопшти дека операцијата на безбедносните сили во источна Украина ќе продолжи без разлика какви одлуки ќе донесат проруските активисти, вклучувајќи ја и таа од референдум на 11 мај, јави ИТАР-ТАСС.
– Ние ќе ја продолжиме операцијата. Уверени сме дека таа ќе продолжи успешно и ќе го има очекуваниот ефект – нагласи Парубиј на прес-конференција во Киев.
Германската влада вчера ги повика украинските власти да ја прекинат офанзивата во источните региони на земјата.
– Киев треба да ги прекине своите воени дејствија против проруските сепаратисти во источна Украина – изјави координаторот на германската влада за односите со Русија, Гернот Ерлер, во интервју за весникот „Ное Оснабрукер цајтунг“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



