Актуелниот шампион Вардар и вицешампионот Металург денеска, во 17.45 часот, во Автокоманда ќе играат за титулата во домашното првенство. Вардарци во натпреварот ќе влезат со минимална предност бидејќи на првиот натпревар на домашен терен славеа со 25:24.
„Металурзите“ се подготвени да си ја вратат титулата која ја загубија минатата година откако одиграа нерешено на домашен терен со „црвено – црните“.
– Сите сме со мислите за овој натпревар, подготвени сме и силно ја посакуваме титулата за да ја заокружиме оваа фантастична сезона на најубав можен начин. Ја почитуваме екипата на Металург, но во Автокоманда одиме на победа – изјави Игор Карачиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.