Групата Ван Гог на 8 мај (четврток), токму од Скопје, ќе ја започне својата голема балканска промоција на новиот албум „Неумерен у свему„. Освен Скопје, планирани се речиси сите поголеми градови на просторите на бивша Југославија.
-Промоцијата ја замисливме како своевидно дружење, лице в лице со нашите фанови, вели Звонимир Џукиќ Џуле, фронтменот на групата. Сакаме да размениме мислење, енергија, да се дружиме. Наместо класично преслушување на песните од новиот албум, ние дел од нив ќе ги отсвириме во живо!“
Македонските фанови за прв пат ќе имаат можност да ги слушнат Ван Гог во un plugged варијанта. На промоцијата ќе биде промовиран и третиот спот од новиот албум, за песната „Прва и последња кап„.
Промоцијата ќе се одржи во холот на Скопје Сити Мол, со почеток во 19 часот. За најверните фанови на групата ќе биде организирана игра, на која ќе се поделат 100 примероци од новиот албум.
„Возбудени сме што доаѓаме во Скопје и со нетрпение ја очекуваме средбата со нашите фанови, велат од групата. Во Македонија секогаш сме имале незаборавни настапи! Не случајно и првиот настап со новиот албум ни беше токму тука, во Вевчани!„ – велат „Ван Гог“
Организиаторите – Скопје сити мол и Баги комуникации јавуваат : „Промоцијата е од отворен карактер а поканети се сите фанови на групата Ван Гог и пријатели на добрата мзуика!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.