| четврток, 6 декември 2018 |

Дербито за Работнички против Куманово, се играше кошарка четири против четири

По многу перипетии и едночасовен прекин заврши дербито меѓу Работнички и Куманово, а најтрофејниот македонски кошаркарски клуб славеше со 90-70.

Во Градски Парк во Скопје, вечерва имаше од се по нешто, а тепачката меѓу Симоновски и Луковиќ во 23. минута предизвика хаос на паркетот, па имаше и прекин. Потоа мечот продолжи и тоа на невообичаен начин со по четиримина кошаркари на пакетот од двете екипи. Судиите исклучија дури 16 кошаркари од двата состави поради учество во инцидентите, па се играше баскет 4 на 4 во продолжението.

Домашните кошаркари водеа до прекинот со 45-32, а подбро се снајдоа и во чудната ситуација во преостанатите 17 минути, па само ја зголемија предноста и победија со 20 поени разлика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top