Боксови наместо добар баскет, гледаа симпатизерите на кошарката во Градски Парк на дербито од Првата македонска лига меѓу Работнички и Куманово, а мечот е прекинат по 23 минути игра при предност на домаќините од 49-35.
Инцидентот почна по физичката пресметка меѓу Симоновски и Луковиќ, па на паркетот настана општа мешаница и мораше да реагира и полицијата. Гостите од Куманово потоа се повлекоа во соблекувалните, а дербито заврши предвреме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.