| четврток, 6 декември 2018 |

Заев тврди дека Црвенковски лаже, Пендаровски вели лажат и Зоран и Бранко

Хаос во СДСМ

На неколку дена пред конгресот на партијата се случува хаос во најголемата опозициска партија. По интервјуто на Црвенковски за „Дојче веле“ во кое тој бара заминување на Заев и инсталирање на Пендаровски, лидерот на СДСМ порача: „Денеска, по објавеното интервју на Црвенковски, веднаш го повикав Пендаровски да го прашам дали има промена во неговиот став и дали размислувањата на Црвенковски се темелат на некави сознанија добиени од него. Стево уште еднаш, јасно и недвосмислено ми потврди дека воопшто не размислува за некаков партиски ангажман, а најмалку пак за функцијата претседател на СДСМ. И денеска повтори дека целосно останува заедно со партиското раководство да ја води битката против оваа власт. Ме информираше дека Црвенковски разговарал со него, но дека и нему му го пренел истиот овој став уште во текот на вчерашниот ден. Зошто Црвенковски денеска изјавува дека воопшто не разговарал со Пендаровски, треба да ѝ објасни на македонската јавност. Верувам дека Стево Пендаровски ваквиот став и лично ќе ѝ го соопшти на јавноста“, рече Заев. Branko Crvenkovski kongres Вендаш потоа се јави и Пендаровски, кој, пак, ги обвини и двајцата дека се служат со лаги. Тој демантира дека имал какви било разговори и со Заев и со Црвенковски. „Сакам јавно да изјавам дека во изминатите неколку дена, вклучително и денеска, не сум имал средба ни со Заев ни со Црвенковски, ниту, пак, некакви разговори за мој иден политички ангажман. Бидејќи не сум дел од партиските тела, органи и структури, сакам да останам дистанциран од сите случувања во СДСМ до Конгресот на 11 мај. Во таа насока, замолувам моето име да не биде инволвирано во внатрепартиски калкулации“, изјави Пендаровски. Кој од тројцата ја говори вистината, а кој лаже е тешко да се претпостави затоа што во минатото сите тројца имале контроверзни изјави за кои подоцна се покажало дека не се вистина. За потсетување, на 24 часа пред да биде предложен за единствен кандидат за претседателски кандидат  на СДСМ Пендаровски изјави дека никој од партијата не разговарал со него за претседателските избори 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top