Да се патува шпо светот најчесто е незаборавно искуство, но тоа многу лесно може да се претвори во кошмар. Иако никаде на светот не сме стопроцентно сигурни, па ни во сопствениот дом, некои градови поради конкретни причини навистина се поопасни од останатите.
Ова е списокот на 7 најопасни градови на светот:.
1. Баркисимето, Венецуела
Иако брои нешто повеќе од милион жители, што за една латиноамериканска земја е малку, во овој град секојдневно се случува по некоје криминално дијствие. Убиства на улица овде се како „добар ден“,а иако во минатото била популарна туристичка дестинација, сега туристите се повеќе го зибегнуваат.
2. Пешавар, Пакистан
Овој град според многумина е еден од најпасните на светот, а причините се разните племиња кои меѓусебно се борат за опстанок. Со самото тоа и туристите се мета на сите криминалци. Бидејќи никој не сака да биде жртва на киднапирање, силување, убиства…советот е едностваен-не одете таму.
3. Сана, Јемен
Јемен е една од оние држави кои и не се баш најстабилни, па прашање е кој би можел да ви помогне да се извлечете доколку западнете во некаква неволја. Ако веќе одите во овој град не ја пропуштајте прекрасната архитектура. Се разбира, организирајте разглед само преку ден.
4. Акапулко, Мексико
Сигурно сте чуле за ова прекрасно туристичко место во мексико во кое барем еднаш бил некој ваш омилен лик од телевизиските сапуници. Но, лошата страна, која не можете да ја видите на сериите е таа што градот просто врие од банди и картели кои многу веројатно би ве убиле, доколку се најдете на погрешно место во погрешно време.
5. Масеио, Бразил
Дали занете дека Бразил има дури 14 градови кои спаѓаат меѓу најопасните во светот? Токму овој е еден од нив со преку 135 убиства годишно на 100.000 жители. Овој град е поопасен и од Рио Де Жанеиро кој е познат како не толку безбеден град.
6. Могадиш, Сомалија
Ако одите во Сомалија-било со брод, авион, воз или автобус големи се шансите да ве киднапираат. Всушност немате шанса да бидете на сигурно каде и да се наоѓате кога сте во оваа земја, така што добро размислете дали сакате воопшто да одите во Сомалија.
7. Најроби, Кенија
Денес Најроби е финансиски и политички еден од највилателните градови во Африка. Во него свое седиште имаат многу компании и организации, вклучувајќи го иг лавниот штаб на Обединетите нации во Африка. Но, и покрај тоа, Најроби не е сигурен град. Значи, памет во глава и држете се до водичот и не се истакнувајте со големи фотоапарати, шапки и слично. Всушност не се истакнувајте во ништо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.