| четврток, 6 декември 2018 |

Киднапирање во тетовско: Му го грабнале зетот, па му барале откуп за да го ослободат

Во полициската станица во Тетово, вчера околу 19 часот Н.Б. (33) од с.Боговиње пријавил кривично дело „грабнување“ на неговиот зет А.А. (33) од с.Жеровјане, кој на 08.11.2017 година во 15.00 часот во Полициска станица Жеровјане бил пријавен како исчезнат.

Откако А.А. бил пријавен за исчезнат, на пријавителот му биле испратени СМС пораки дека А.А. и неговото возило се задржани од непознати лица и дека ќе го пуштат откако ќе им дадат одредена сума на пари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top