| четврток, 6 декември 2018 |

Малта падна во Дејвис купот, на ред е Албанија

Македонската Дејвис куп репрезентација го доби првиот меч на турнирот во Сегедин, Унгарија, а „падна“ Малта, која е поразена со 2-0 во поени.

Во меч од третата европска зона во реномираниот куп, Томислав Јотовски и Димитар Грабул рутински ги совладаат противниците без загубен сет.

Јотовски ни донесе предност од 1-0 со триумф од 6-3, 6-1 против Метју Ашијак, а потоа и Грабул лесно излезе на крај со Бернар Тореџани и победи со 6-2, 6-2.

Утре Македонија ќе игра со Албанија, а потоа е клучниот меч во полуфиналето на турнирот. Тој дуел, секако ако претходно се победи Албанија ќе одлучува дали ќе успееме да се пласираме во втората зона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top