| четврток, 6 декември 2018 |

СП: Македонија денес за осминафинале со Катар, одмор во групите Ц и Д

Во првиот натпревар на ракометниот мундијал во Шпанија не одушевивме, но победивме, а денеска играме за посакуваниот пласман во елиминацискиот дел

Македонската машка ракометна репрезенатција од 18 часот во Севиља ќе се обиде по Чиле (30-28) да го победи Катар и веднаш да си обезбеди четвртфинале од Светското првенство во Шпанија. Воведниот настап со Јужноамериканците остави простор за дилеми околу нашите реални можности, но од друга страна и ние сигурно поседуваме повеќе квалитет, што допрва треба да го демонстрираме, а и Катар според изданието со Данска и поразот(41-27) не делува како закана по нашите основни амбиции да ја минеме прелиминарната фаза.

Еве ги сите резултати од вчера и од петокот, со најава на средбите од второто коло што денеска ќе се играат во Севиља и Гранољерс, и утре во Мадрид и Сарагоса.

 

ГРУПА Б-2 коло (денеска)

 15.45  Чиле – Исланд

18.00  МАКЕДОНИЈА – Катар

20.15  Русија – Данска

 1 коло(вчера)

МАКЕДОНИЈА – Чиле 30:28
Исланд – Русија 25:30
Данска – Катар 41:27

 

 

ГРУПА А-2 коло (денеска)

Бразил – Аргентина

Тунис – Германија

Франција – Црна Гора

1 коло(вчера)

Германија – Бразил 33:23
Аргентина – Црна Гора 28:26
Франција – Тунис 30:27

 

 

Група Ц2 коло (утре)

Јужна Кореја – Словенија

Србија – Белорусија

Саудиска Арабија – Полска

1 коло(вчера)

Србија – Јужна Кореја 31:22
Словенија – Саудиска Арабија 32:22
Полска – Белорусија 24:22

 

Група Д2 коло (утре)

Алжир – Хрватска

Египет – Шпанија

Австралија – Унгарија

1 коло(вчера)

Шпанија – Алжир 27:14
Хрватска – Австралија 36:13
Унгарија – Египет 32:23

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top