| четврток, 6 декември 2018 |

БЕДЕМ: Зошто Ангелов не реагираше на Талат во владата на Бучковски?

Човекот кој себе се промовираше како претставник на бранителите, се претвори во продолжена рака на една опозициска партија, која секогаш ги погазуваше правата на бранителите, реагираа од БЕДЕМ

stojance angelovОткако со неговата партија Достоинство не успеа да внесе ниту еден пратеник во Собранието, Стојанче Ангелов наместо да се повлече, премина во Сојузот на иднината предводен од Бранко Црвенковски, пишува Курир.

Водејќи се од неговите политики на кои многумина им го свртеа грбот, Ангелов излезе на улица за да пружи отпор.

Ангелов ја критикуваше одлуката Талат Џафери да биде министер за одбрана на местото на Фатмир Бесими. Истиот пратеник од редовите на ДУИ, Џафери, веќе имаше функција во Министерството за одбрана. Тој беше заменик министер за одбрана после војната, во времето кога Владо Бучковски беше министер за одбрана, а потоа и премиер, а Бранко Црвенковски беше командант на вооружените сили како претседател. Тогаш Ангелов не рече ништо. Ниту му се обрати на Црвенковски, ниту пак на јавноста.

За настроеноста во одбрана на политиките на лидерот на СДСМ од страна на Ангелов, реагираше Здружението на бранители, БЕДЕМ.

-Стојанче Ангелов очигледно во обид за своја лична промоција по секоја цена излегува во медиумите само за да го привлече вниманието на Бранко Црвенковски. Тоа е жално. Човекот кој себе се промовираше како претставник на бранителите, се претвори во продолжена рака на една опозициска партија, која секогаш ги погазуваше правата на бранителите, реагираа од БЕДЕМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top