Хелена Кошта, име кое најверојатно ништо не ви значи, но не и на францускиот второлигаш Клермон, бидејќи таа ќе биде првата жена тренер на еден професионален фудбалски тим.
Нејзиното назначување за тренер на една професионална машка екипа, додаѓа само три месеци по назначувањето на романката Елена Гропосила за тренер на машката ракометна екипа на Дижон.
Елена Кошта била обучувана во Бенфика, а ја водела женската екипа на Одивелас, потоа селекциите на Катар и Иран, а била и соработничка на Селтик при изборот на нови фудбалери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.