САД се категорично против напорите на проруските сили да организираат „фиктивен“ референдум за независност во источна Украина, изјави денеска американскиот државен секретар Џон Кери
– Многу сме загрижени поради напорите на проруските сепаратисти во Доњецк и во Луганск да организираат еден, делумно кажано, фиктивен референдум на 11 мај. Ние категорично сме против незаконските напори за понатамошно делење на Украина – изјави Кери по средбата со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.
Кери најави и дека следната недела со европските колеги ќе разговара за евентуални дополнителни санкции за Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.