Во североисточната канадска провинција Њуфаундленд и Лабрадор паднаа најобилните снежни врнежи, регистрирани за овој период од годината за последните 75 години.
Телевизијата Си-ти-ви објави дека во неколку реони паднале 21 сантиметри снег, при што досегашниот рекорд беше 13 сантиметри и беше регистриран во 1939 година.
Поради ненадејните снежни врнежи во реонот се затворени повеќето училишта. Полицијата алармира и за зголемен број сообраќајни несреќи по магистралите. Засега не се соопштува за жртви
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



